Златан Ибрахимовиќ во преговори за бокс меч против легенда на Манчестер Јунајтед!

Златан Ибрахимовиќ оствари неверојатна фудбалска кариера.

Играјќи за клубови како Манчестер Јунајтед, Барселона, Пари Сен Жермен, ЛА Галакси и Милан, шведскиот напаѓач изгради навистина импресивно CV. По кариерата која траеше речиси 25 години, легендарниот Златан ги закачи копачките во 2023 година.

Оттогаш тој стана висок советник во Милан, но желбата на Златан да се натпреварува се чини дека не исчезна. Познат по жестокиот темперамент и натпреварувачки дух, се чини дека и по пензионирањето огнот сè уште гори во него.

Уште пред да влезе во светот на фудбалот, Златан имаше позадина во боречки вештини. Во родното Малме, Шведска, доби почесен црн појас во таеквондо, а на социјалните мрежи често објавува слики од својот тренинг.

Но сега се чини дека Ибрахимовиќ сериозно гледа кон боксот.

Според извештаите на Сан спорт, Misfits Boxing се во преговори со Златан за можноста да влезе во нивниот ринг. Претседателот на Misfits, Мамс Тејлор, ги откри деталите од тие разговори.

„Се обидов да го убедам Златан и тој може да боксира“, изјави Тејлор. „Јас сум добар пријател со неговиот менаџер и имавме фејстајм (онлајн разговор) меѓу нас тројцата.

Беше навистина кул затоа што гледаше многу борби со Misfits и ги следеше.

Ќе кажам дека имало разговори со Златан и Вејн Руни и мислам дека е само прашање на време кога тоа ќе се случи.

„Тоа ќе се материјализира во одреден момент“, заклучи Тејлор.

Како што рече Мамс Тејлор, Златан Ибрахимовиќ не е единствениот поранешен фудбалер со кој разговарале. Вејн Руни исто така зборуваше за Misfits Boxing за можноста за боксерски меч.

Руни е познат по својата страст за боксот, а тој и Златан беа соиграчи на Олд Трафорд кога играа под водство на Жозе Мурињо во Манчестер Јунајтед.

Се чини дека разговорите се позитивни, а според Тејлор, прашање на време е кога некој од поранешните играчи на Манчестер Јунајтед ќе влезе во боксерскиот ринг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО