Три златни и сребрен медал за Олимпија на „Ментаз Алјабегу“ во Косово, Андреа Нисева најдобар техничар

На Меѓународниот турнир „Ментаз Алајбегу“ што се одржа во Приштина во Косово борачите Олмпија од Штип освоија 4 медали- 3 златни и 1 сребрен, а Андреа Нисева (70 кг, У-17) е прогласена за најдобар техничар на турнирот.

Олимпија има учинок 4 од 4, односно настапи со четири борачи и освои толку медали.

Златни медали освоија 68 кг Филип Тодоров, 69 кг Андреа Нисева и 54 кг Анастасија Трајчева, а 62 кг Лука Николов сребрен.

Филип Тодоров до 69 кг (У-15) ги доби сите три борби со туш и се закити со златен медал.

Анастасија Трајчева, исто како Андреа во У-17 прво место, убедлива на душекот.

Лука Николов 2 место, покажат добри борби.

Претседателот на Косовската боречка федерација, Наим Муја, додели признание на Олимпија за посебен придонес во борењето и почит кон делото и придонесите на Ментаз Алајбегу во борењето, како во Македонија, така и во Косово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО