Данило Методиевски се закити со сребрен медал на „Балкан опен“ во Тешањ

Данило Методиевски од Кик бокс клубот Предатор од Куманово се закити со сребрен медал на Меѓународниот турнир „Балкан опен“ во Тешањ, Босна и Херцеговина.

Методиевски среброто го освои во јуниорска конкуренција до 69 килограми во дисциплината кик лајт.

На турнирот учествуваат 297 кикбоксери со 352 влеза од 64 тима од регионот. Македонија е застапена со двајца натпреварувачи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО