Диего Лопез е подготвен да се бори со Александар Волкановски во февруари

Диего Лопез е подготвен да се бори со Александар Волкановски во февруари.

УФЦ неодамна објави дека ќе го посетат Сиднеј со настанот УФЦ 312 закажан за 9-ти февруари. Волкановски изјави дека ќе направи се за да биде дел од гала вечерта. Тој истакна дека ќе одлета во Абу Даби за да ја гледа борбата меѓу Илија Топурија и Макс Холовеј. Двајцата го предводат настанот УФЦ 308, кој ќе се одржи на 26-ти овој месец.

Волкановски се надева на шанса за титулата против победникот во Абу Даби. Ако тоа не се случи, тогаш тој се насочува кон Диего Лопез во борбата за привремената титула во перо категорија. Диего моментално се подготвува за УФЦ 308 бидејќи е резервен борец на Топурија-Холовеј. На Диего не му пречи да се бори со Волкановски и рече дека февруари му звучи добро за таква борба.

„Февруари ми звучи добро“, напиша Лопез.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Championship Rounds (@champ.rds)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО