Радовиш утре е домаќин 5. Меѓународен турнир „Трофеј шампиони боречки легенди 2024“ во организација на БК Бучим.
На турнирот ќе настапат борачи и борачки родени од 2008 до 2015 година.
Натпреварите почнуваат во 12 часот, а финалните борби и прогласувањето на победниците се од 14 до 15 часот.