Големо признание за Ѓуро Илиќ од Светскиот центар за реално аикидо (ФОТО)

Македонскиот истакнат мајстор за реално аикидо и акидо Ѓуро Илиќ викендов на Меморијалниот меѓународен семинар „Љубомир Врачаревиќ“ во Белград доби посебно признание – титула носител на мајсторски појас 8 Дан.

„Титулата се дава по заслуги, континуирана работа. 12 години бев носител на 7  дан…семинари, натпревари, издавачка дејност. Единствена во рамките на Светскиот центар за реално аикидо.

Центар кој обединува преку 35 земји членки, а потврдена од АЈБА светската организација на јапонски вештини. Наградата ми ја додели Ана Врачаревиќ – 9 дан, ќерката на основачот на стилот господинот Љубомир Врачаревиќ. Само мене ми беше доделена, немаше други доделувања односно промиции“, вели Ѓуро Илиќ за ова признание.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON