90-годишен дедо од Дагестан е машина (ВИДЕО)

Маџид Омаров, 90-годишен жител на Дагестан, импресионира многу луѓе на социјалните медиуми со својата приказна. Тој во интервју за РТ Спорт рече дека тренира секое утро и секоја вечер. Омаров бил учител и ја работел оваа проефсија 60 години. Годините не го спречуваат секој ден да пешачи 5-6 километри. Сонародникот на Хабиб Нурмагомедов вели дека во зима има многу снег на планините на Дагестан, а тој изодува по 2 км на снегот, потоа има чисто место да тренира.

„Ми се допаѓа да тренирам. Го правам тоа секое утро и секоја вечер, надвор и дома. Ми се допаѓа да одам и да правам по 5-6 километри. Вежбам уште од дете. Отсекогаш сум се тестирал и сакал да знам дали можам да направам нешто. Сакам да се измачувам и да тргнам по потешкиот пат.

Тука на планините имаме многу снег и одам 1,5 до 2 километри на снег. Си правам место во снегот и таму тренирам. Работев 60 години во едно училиште. Јас сум учител со почести од Дагестан. Претседателот на Дагестан беше мој ученик. Го учев три години и тој беше добар ученик“, рече Омаров за РТ спорт.

https://twitter.com/RTSportNews/status/1273624280954175488?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed&ref_url=https%3A%2F%2Fmma.bg%2Fnovini%2Fobshti-novini%2F90-godishen-dyado-ot-dagestan-e-mashina

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON