На Европскиот опен турнир во џудо во Солун, Грција, џудистите на Сеишин освоија девет медали, од кои 5 се златни, 1 сребрен и 3 бронзени.
На ова натпреварување во организација на ЏК Ираклис учествуваа над 150 натпреварувачи од клубови од Англија, Италија, Бугарија, Србија, Грција и Сеишин од Македонија.
Медали освоија: Александра Најдоска +75 кг. 1-во место, Михаела Пешталеска -57 кг. 3-то место, Марио Тошески -66 кг 3-то место во јуниорка конкуренција:
Сениори: Васко Пупуноски -55 кг 1-во место, Диме Ивчески -66 кг 1-во место, Мартин Тодорчески -60 кг 1-во место, Александар Апостолоски -66 кг 2-ро место, Александар Петрески -71 кг 3-то место.
Ветерани над 50 години: Благоја Кузманоски -75 кг 1-во место
„На овој турнир во Грција членовите на клубот доминираа на татамите. Прикажаа одлични и ефективни борби, што навистина беше прифатено и од публиката во салата, а беа добиени и комплименти од страна на судиите на овој натпревар, кои беа од Англија, Италија и Грција. Со овие активности клубот Сеишин ја завршува првата полусезона на натпревари и членовите ќе бидат на 1 месечен летен одмор а потоа месец август ќе се продолжат активностите согласно програмата на клубот“, велат од клубот.
Сеишин почнува со подготовките за 8-от Меѓународен турнир „Прилеп град херој 2016“, кој треба да се одржи на 9 октомври, а на кој уште сега се најавуваат повеќе балкански и европски клубови.