Стипе Миочиќ: Совладајте ги движењата што најмногу ги мразите

Шампионот во тешка категорија на УФЦ, Стипе Миочиќ, напорно се подготвува за големата борба со Фрeнсис Нгану. Тие ќе се соочат по втор пат кон крајот на март во главната битка на УФЦ 260. Во првата борба меѓу нив, шампионот успеа да доминира со противникот и да го одбрани појасот со одлука на судиите.

Сега Нгану се врати со серија тешки нокаут победи и верува дека се подобрил. Во меѓувреме, Миочиќ доаѓа по две победи во низа над Даниел Кормиер и победи во седум од последните осум борби во УФЦ.

Стипе има учинок 20-3 во ММА и нокаутира 15 ривали. Сега има 38 години, но сепак продолжува да учи и ги повика обожавателите да ги совладаат движењата што најмногу ги мразат:

„Тајната на промената е да ја насочите целата своја енергија не на борба против старото, туку на градење на новото. / Сократ /

Останете ученик, постојано продолжувајте да градите нови вештини. Совладајте ги движењата што најмногу ги мразите“, порача Миочиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON