НБА-кошаркар влезе во рингот и беше брутално – нокаутиран (ВИДЕО)

Поранешниот плејмејкер на повеќе НБА-екипи, Нејт Робинсон (36 години), кој пред неколку години беше своевидна сензација во најсилната лига на светот, со оглед што трипати беше првак во забување на олстар-викендите, реши да стане боксер и – погреши.

Тој настапи во борбата пред главниот спектакл помеѓу Мајк Тајсон и Реј Џонс Џуниор во Лос Анџелес, а противник му беше еден од сопствениците на Јутјуб и милијардер, Џејк Пол (23), за кого ова беше втора професионална борба. Неговото искуство беше пресудно, откако во втората рунда успеа да го нокаутира залутаниот кошаркар, висок 176 сантиметри.

https://twitter.com/FNC_Boxing/status/1332695325899968512?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1332924727216787457%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es2_&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Fbozhem-mali%2Fboks%2Fpred-spektaklot-na-tajson-nba-kosharkar-vleze-vo-ringot-i-beshe-brutalno-nokautiran

Целата сцена беше комплетирана откако раперот Снуп Дог, кој беше еден од судиите, почна да пее молитвена песна во моментите кога Робинсон се струполи на подот. Сцена која навистина беше брутална.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON