70 припадничи на понежниот пол беа дел од семинарот„Не биди девојка, биди алфа девојка“ во Скопје на учесниците се запознаа со основите принципи при напад, одбрана, а добија и корисни совети за превенција итн.
Учесничките на семинарот беа од повеќе градови на Македонија: Скопје, Велес, Прилеп и други.
„Имаше учесници кои досега не практикувале ни една боречка вештина и овој семинар им беше првиот контакт со боречките вештини“, истакна организаторот на првиот ваков семинар, м-р Алексовски Ивица, кој е основач на клубовите за боречки вештини „Д Стронгест & Рутс БЏЏ“.
Во првиот дел се увежбувани техники при напад во стоечка позиција, во вториот дел техники од клинч, а во последнито дел техники во легната позиција.
Целта на семинарот е да се допре до обичниот граѓанин и на овој начин да се мотивираат девојките да бидат дел од клубовите за боречки вештини.