Каратистите на КК Тиквеш од Кавадрци има добар настап на Меѓународниот турнир „Солидарност опен 2017“ во Скопје освојувајќи 4 златни медали, 2 сребрени и 1 бронзен.
Илија Грков се истакна во кати и го освои првото место за деца родени 2007 година.
Грков утре ќе патува за Истанбул, Турција, на Балканското карате првенство за каратисти од 11 до 14 години, кое се одржува од 19 до 21 мај, со надеж дека ќе ја продолжи победничката серија. Оваа година тој освои 4 златни медали на Државното првенство и на турнирите Фунакоши Гичин опен и во Власотинце, а на „Гази Баба опен“ бронзен медал.
.