Поранешниот светски шампион во бокс во тешка категорија, Лери Холмс, сака да се бори со Владимир Кличко, извести Boxing News Online.
„Јас сум 65 години и сфаќам кога зборувам дека можам да се борам со него за титулата, категоричен е Американецот. – Кличко не претставува закана за мене. Само дајте ми 6 месеци за да влезам во форма”.
Холмс нагласува дека во периодот во кој тој бил активен боксер ниту Кличко, ниту друг од современите боксери не би преживеал во рингот, но им посака успех во спортот.
Пред 80-ете години на 20-тиот век Холмс ги освои шампионските појаси во тешка категорија во верзиите Светски боксерски совет (WBC) и Меѓународната боксерска федерација (IBF). Во 1982 г. авторитетниот The Ring му ја додели наградата „Боксер на годината“.
Од март 1973 година до јули 2002 година, Холмс имал 75 борби, во кои има 69 победи (44 со нокаут), вклучувајќи го и Мухамед Али, а изгубил 6 натпревари.
Во моментов 39-годишниот Владимир Кличко е актуелн светски шампион во тешка категорија во верзиите (WBA, WBO, IBF, IBO).
https://youtu.be/_sqjkeqrvWo