Во Арнхем се одржа меерњето за големиот настан Глори Колишн 2.
Се очекува реваншот меѓу Рико Верховен и Бад Хари на стадионот „Гелредом“ да го селдат 30.000 гледачи.
За разлика од првата борба пред три години во реваншот влог ќе биде шампионската титула во тешка категорија на Верховен, а борбата ќе се одвива во 5 рунди. Првиот меч му припадна на Верховен, откако во втората рунда дојде до прекин поради повредата на раката на Хари.
Холанѓанецот на мерењето тежеше 118,2, а 34-годишниот Мароканец на 110,9 килограми.
На Хари ова му е прва борба од март 2018 година, кога го победи Хесди Гергес во реваншот со едногласна одлука. По мечот тој падна на допинг тестот и беше суспендиран, а резултатот е поништен. За таа борба тежеше само 101,8 кг.
30-годишниот Холанѓанец исто така не се борел долго. Последен пат во рингот беше во септември минатата година кога со едногласна одлука ја одбрани титула против поранешниот борец на УФЦ Гут Иносенте. Потоа влезе во рингот со 118,5 кг.
За првата борба во 2016 година, Верховен тежеше 116,8, а Хари 114,5 кг.
Глори: Колишн 2
Рико Верховен – Бадр ХариЛуис Таварес – Стефан Сасперегуи
Мохамед Јараја – Масаро ГлундерЗакарија Зугари – Аса Десет Пау
Глори 74 АрнемАлекс Переира – Ертугрул Бајрак
Серхи Адамчук – Алексеј УлијановМајкл Дут – Ариел Мачадо
Итај Гершон – Ли СанџинГлори 74 Супрефајт серија
Јахфар Вилис – Антонио ПлазибатДонован Висс – Цезар Алмеида
Цихад Кепенек – Нордин МахидидинКевин ван Хекерен – Улрик Бокеме
Ји Ксу – Ребека Ирвин