Непоразениот борец во тешка категорија Жаирзињо Розенструик се вивна на ранг листата откако го победид Алистер Оверем. Страшниот борец од Суринам се искачи за 9 места и се најде на 5-тата позиција во тешка категорија. Оверем падна за две места и се смести на 8-та позиција.
Розенструик го дели петото место со Дерик Луис и тоа ќе му даде шанса да атакува во топ 3 и да се приближи до титулата. Веднаш по неговата победа го предизвика Френсис Нгану, кој се најде на второто место. Камерунецот, кој е многу блиску до титулата, не може да најде противник и е подготвен се да заложи на средбата со Жаирзињо.
Шампион е Стипе Миочиќ, а големиот ривал Даниеч Кормие е прв предизвикувач за тронот.