Борецот во полусредна категорија на УФЦ, Нејт Дијаз објави промо за неговиот претстоен настап на УФЦ 244.
Тој ќе се сретне со Хорхе Масвидал во борбата за титулата „Најлошото копиле“. И двајцата доаѓаат по атрактивни победи – Дијаз го совлада Ентони Петис на УФЦ 241, а Масвидал го нокаутира Бен Аскрен на УФЦ 239.
Дуелот е еден од најинтересните што може да го видиме во полусредна категорија, а актерот Двејн Џонсон – Рок ќе биде во Медисон сквер гарден, за да го закачи победничкиот појас на победникот.