Во Лондон се одржа мерењето за борбата за титулата привремен шампион во тешка категорија на ВБЦ.
Дилиен Вајт (25-1, 18 КО) во мечот со Оскар Ривас (26-0, 18 КО) влегува 117,5 килограми. Непоразениот Колумбиец имаше 108,5 килограми.
Победникот на борбата станува задолжителен предизвикувач за титулата што моментално ја држи Деонтеј Вајлдер.
Дерек Чисора (30-9, 21 КО) тежеше 116,6, а неговиот противник Артур Шпилка (22-3, 15 КО) 110,2 килограми.
Ален Бабиќ (1-0, 1 КО) ќе боксира во воведниот дел од настанот.
Хрватот во тешка категорија во вториот професионален меч ќе се бори со Французинот Морган Десо (5-6, 5 КО).