Пакијао против Бронер на 19 јануари, влог е титулата на ВБА

Боксерската легенда Мани Пакијао се враќа во рингот против шампионот во четири категории, Адриен Бронер, во борба за титулата на ВБА во полусредна категорија, при што средбата е закажана за 19 јануари во Лас Вегас.

„Ми недостига да се борам во Вегас. Како втор дом ми е. Чудесно е што ќе можам да се вратам токму во МГМ гарден арена и даја бранам титулата против Адриен Бронер. Адриен е тежок противник со заслужени постигнувања, но ќе се справам“.

Пакијао (60-7-2), кој ќе наполни 40 години за помалку од еден месец, последен пат се бореше со Аргентинецот Лукас Матис во јули во Малезија. На 29-годишниот Бронер (33-3-1, 1НЦ) последниотмеч му беше нерешен во април со Џеси Варгас.

„Јас го правам она што ми треба во спортот и е време да го добијам она што го сакам“, рече Бронер на нивното прво соочување и додаде:„Интересот за мене кога се борам е поголем од којбило друг. Многу луѓе ќе видат како го испраќам Пакијао во пензија без негова титула”.

Билетите за битката влегуваат во продажба на 24 ноември, цените почнуваат од 1500 долари, па 1000, 750, 500, 300, 200 и стигнуваат до 100.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON