Од сите борци со кои се борел Конор Мек Грегор, Хозе Алдо беше меѓу најзасегнатите од приказните на Ирецот. Сите работи што ги изговори Конор толку го погодија Алдо што направи фатална грешка и за 13 секунди беше нокаутиран. Оттогаш Алдо инсистира на реванш, но тоа најверојатно никогаш нема да се случи. Хабиб исто така стана жртва на приказните на Мек Грегор и по УФЦ 229 тргна да се тепа со неговиот табор, а тоа ќе му донесе сериозна казна од Aтлетската комисија на Невада.
Сепак, според Алдо, Хабиб нема никаква вина и за сè е виновен Мек Грегор.
„Можам да кажам дека целосно ја разбирам реакцијата на Хабиб по УФЦ 229. Не мислам дека тоа што се случи по настанот е негова вина и не треба да го обвинуваме, бидејќи во минатото од УФЦ му дозволуваат на Конор Мек Грегор да прави што сака во Њујорк. Тоа не е грешка на Хабиб. Тој не треба да добие никакви казни“.