Јубилејниот карате натпревар 50. Лорд куп – традиција создадена со карате пријателите, а со мотото парите не се секогаш најважни, детската радост нема цена ќе се одржи на 10 мај во спортската сала „Марко Божиновски“ во Ново Лисиче, Скопје, и ќе има донаторска црта.
Имено, ќе биде поставена кутија за дарување средства за немилиот настан во Кочани во кој имаше повеќе настрадани и повредени лица.
„Сите присутни, се разбира возрасните, без разлика во кое својство ќе бидат присутни на јубилејниот куп, ќе имаат можност да донираат средства како помош за настраданите во кочанската дискотека „Пулс“, истакнуваат од КК Аеродром, организатор на турнирот и нагласуваат:
„Родители, гости, официјални лица, намерници и други кои ќе имаат желба, финансиска можност и расположение, ќе може да уфрлат износ кои самите ќе го определат спрема своето чувство и финансиската моќ“.
На крај од јубилејниот куп, комесарот, главниот судија и претставник од Карате клубот Аеродром ќе ја отворат кутијата, ќе ги пребројат и ќе објават колку средства се собрани.
Во рок од неколку дена КК Аеродром ќе ги уплати собраните средства за Кочани и јавно ќе ја презентира уплатницата.
„Секоја донација, без разлика на износот, ќе биде добредојдена за поткрепа на настраданите во кочанската несреќа“, велат од Карате клубот Аеродром.