Јанина и Арта ги оправдаа очекувањата на Кеикс и живеат со и за каратето (ФОТО)

Карате спортот во Македонија, покрај долгата традиција, врвните спортски резултати има и светла иднина која се должи на големиот интересот кај младите и тоа посебно кај женската популација. Така, засилувањата на КК Кеикс од Скопје Јанина Дардишта и Арта Буши кои ги опрвдаа очеркувањата, односно ги освоија првите места на Државното првенство за деца и ќе бидат дел од репрезентацијата на Македонија на Балканското првенство во Блеград, Србија, кон крајот на месецов, можат да се вбројат во надежните каратистки.

„Љубовта и посветеноста кон карате спортот ни овозможи да се запознаеме подобро и да се почитуваме бескрајно, спортот ни овозможи да бидеме дисциплинирани, одговорни и да се почитуваме меѓу себе. Го сакаме спортот и немаме дилема дека каратето е она вистинското што сме го избрале“, децидни се Јанина и Арта.

Со освојувањето на златните медали и ги исполнија очекувањата на тренерите на КК Кеикс двете најдобри другарки, Арта и Јанина.

„Златните медали се само уште еден доказ дека Јанина и Арта имаат потенцијали да се движат кон врвот на светското карате, редовноста и посветеноста на овие млади и перспективни спортистки се иднината на нашиот спорт и ќе го насочиме сите свои знаења во функција на создавање на квалитетни и врвни спортистки. Клубот има докажани и многу други перспективни членови, што ни преставува посебен мотив и обврска да им го овозможиме најдоброто и да го очекуваме најквалитетното“, вели Елвир Куртановиќ еден од тренерите на Кеикс.

„Спортот како да стана традиција и секојдневие на нашето семејство. Мајка ми е бивша каратистка, јас и брат ми Јон сме веќе пет години во карате спортот. Како што вели нашата мајка Шкодране, спортот и помогнал многу во животот, веруваме дека ова е она вистинското што на секого му е потрбно. Не можеме да замислиме ден без спорт, посебно не исполнува и радува другарството во клубот“, вели Јанина

„Подршката од семејстовото, другарството и убавините на карате спортот се мотив да го дадам максимумот од себе на тренинзите. Имаме одлична атмосфера во клубот и многу добри спаринг партнери, кои по тренингот ни се најдобри другари и другарки. Од срце им препорачувам на сите да се занимаваат со спорт, верувам дека како на мене и на сите ќе и помогне да стекнат нови пријателства, да се запознаат со светот и да бидат секогаш задоволни со себе“, вели Арта Буши.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON