Џудо клубот Сеишин од Прилеп денес освои четири златни медали на Државното првенство за помлади пионери-ки и млади сениори до 23 години.
Златни медали освоија во помлади пионери Давид Везенкоски (+60 кг), млади сениори до 23 години Мартин Тодорчески (-60 кг), Диме Ивчески (-66 кг) и Христијан Ѓураков (-81 кг).
На Државното првенство земаа учество 14 клубови со околу 120 натпреварувачи.
ipon.mk/В.Д.