Реперезентативците од Макпетрол на подготовки за Европското првенство!

makpetroll mesan tim

Каратисти на КК Макпетрол во Маврово ги почнаa завршните подготовки за карате репрезентативците од клубот кои ќе ги бранат боите на Македонија на претстојното Европско првенство за кадети, јуниори и  јуниори 21 што ќе се одржи во Цирих, Швајцарија, од 6 до 8 февруари.

На подготовките заминаа: Симона Заборска У 21- до 61 кг, Сара Радичевска У 21- до 50 кг, Моника Пендаровска јуниорка – до 53 кг, Емануел Ристевски У 21 – над 84 кг и јуниорот Петар Заборски до 76 кг.

Помошниот тренер Наташа Илиевска и спортистите Ангела Мојсовска и Игор Таневски, исто така ќе учествуваат на подготовките.

– За Европското првенство, што ќе се одржи во Цирих,  ние го исполнивме комплетниот план и програма за работа и учества на турнири. Резултатите кои ги постигнавме на Балканското првенство во Софија и подоцна, на најсилниот интернационален карате турнир, „Гранд при Кроација“ во Самобор, не уверија  дека нашите јуниори се добро подготвени за ова првенство. Во Маврово ќе направиме уште еден дополнителен напор да ја подигнеме спортската форма на нашите репрезентативци, и со тоа, тие максимално подготвени ќе заминат за Цирих. Се надевам дека со малку спортска среќа и добар жреб од ЕП ќе се вратиме со медал, изјави тренерот на Макпетрол, Бошко Заборски.

Makpetrol zeni tim

Подготовките на националниот тим ќе почнат на 30 јануари во Скопје под водство на тренерите на репрезентацијата за борби Арлин Хусеини и Александар Кузмановски.

На ЕП нема да патува Мартин Стојменов од КК Партизан-Кочани поради повреда.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON