31 каратист од Македонија на Премиер лигата во Истанбул

Македонската карате експедиција за ова коло овој викенд од Карате 1 Премиер лигата во Истанбул брои 31 член, каде што ќе настапат 1262 натпреварувачи од 89 држави, односно од 293 клубови во сениорска конкуренција.

Металург ќе настапи со 10 каратисти, Макпетрол со 7, Штип, Цветан, Димов и Олимпик спорт со 2, Кеикс, Вардар, Асиарт, Ботони, Спорт 94, Фати, Македонка и Ронин по 1.

На Премиер лигата во Лајпциг, Германија, најдобар пласман оствари Берат Јакупи кој во категоријата до 84 килограми беше петти, а имаше шанси за влез во финалето и за бронзениот медал, додека Мартин Несторвски (+84 кг) беше седми, а Вероника Костовска (-61 кг) девета.

Премиер лига – Истанбул:

-60 кг – 93 натпреварувачи
Емил Павлов – Штип

-67 кг -153
Димитар Илиевски – Ботони
 Ненад Ќелебиќ – Цветан Димов
Давид Петков – Металург
Мартин Стојменов – Олимпик спорт
Константин Василевски – Спорт 94

-75 кг – 151
Азиз Исмаил – Металург
Петар Заборски – Макпетрол
Енес Смаилагиќ – Цветан Димов
Доан Османи – Фати
Ферат Корбуличи – Металург
Стефан Костиќ – Металург

-84 кг – 120
Берат Јакупи – Асиарт
Петар Спасеновски – Металург
Виктор Крстевски – Металург
Сашко Патраклиев – Македонка
Емир Ќосовиќ – Металург

+84 кг – 96
Мартин Несторовски – Металург
Жарко Арсовски –Штип
Семир Ќосовиќ – Металург

-50 кг – 64
Сара Радичевска категорија – Макпетрол
55 кг – 92
Симона Заборска – Макпетрол
Моника Пендароска – Макпетрол
Сара Крстевска – Металург
Јована Георгиева – Олимпик спорт

-61 кг – 98
Наташа Стефановска – Макпетрол
Вероника Костовска – Кеикс

68 кг – 65
Моника Стефановска – Макпетрол
Ангела Мојсовска – Макпетрол

кати
Ферри Исиќ – Вардар – 125 натпреварувачи
Пуликсенија Јованоска – Ронин -111`

Големиот борј на учесници е поради наметнатите правила од страна на Светската карате федерација (ВКФ) од 1 јануари 2018 година да го ограничи борјот на учесници во категорите, по 64 натпреварувачи во секоја категорија, односно по еден од држава. Изборот ќе се прави од Ранг листата на ВКФ, при што првите 50 имаат предност. За нашите каратисти е битно тоа што Карате федерацијата на Македонија (КФМ) на каратистите што се меѓу првите 50 на Ранг листата целосно ќе им ги покрива трошоците за натпреварите и подоготовките.

Од друга страна, од идната година почнуваат квалификациите за Олимписките игри во Токио 2020 година, кога каратето за прв пат ќе дебитира на Олимпијадите. Поради овие причини, Премиер лигата до крајот на годината ќе има максимална посетеност и ќе го надминува квалитетот и на светските првенства. Кој ќе избори подобра позиција, ќе има поголеми шанси за Олимпијадата во Јапонија. По следуваат Истанбул (23 и 24 септември), Ротердам (7 и 8 октомври) и Окинава (25 и 26 ноември).

Ipon.mk/В.Д. 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON