На овој ден 1936 година, најстарите и најдобрите учители од Окинава одржаа состанок во врска со иднината на карате вештината. Тогаш таа беше позната како „Кинеска рака” и се подучуваше во тајност.
Беше одлучено да се смени името, да се вметнат кју и дан степени, како во џудото, да се стандардизираат стиловите.
Карате учители, учесници на овој состанок, на кој беше одлучено за иднината на карате вештината:
-Чомо Ханаширо
-Кијан Чотоку
-Чоки Мотобу
-Чојун Мијаги
-Јухацу Кјодо
-Чошин Чибана
-Шимпан Госукума
-Чотеи Ороку
-Генња Накасано
Благодарение на овој состанок карате вештината ја доживеа својата одисеја низ целиот свет, а денес вистинските следбеници (каратеки) уживаат во благодeтите од практикување на карате вештината.