25 години од спортската историја: Прв пат се свиреше македонската химна и се вееше македонското знаме!

Спортската историја на независна Македонија го памети овој ден кога пред 25 години е освоен првиот златен медал, а и бронзен медал во младинска конкуренција на Европското првенство во карате за кадети, јуниори и младинци во Кардиф, Велс.

На 14 февруари 1993 година се свиреше македонската химна и високо на јарболот се крена македонското знаме кога Елвир Куртановиќ го освои златниот медал во младинска конкуренција во борби, а само неколку часа порано Зоран Пејов се закити со бронзата. Но тоа не беше се, еден ден порано кадетот Ангел Георгиев го освои бронзениот медал.

Резултат кој никако не може да избрише од историјата на НЕЗАВСИНА МАКЕДОНИЈА, во време кога се градеше самостојноста со многу политички превирања и притисоци од страна на Грција. Затоа, интонирањето на химната и подигањето на знамето докажаа дека Македонија има традиција и спортисти кои си ја сакаат држвата.

Ангел Георгиев стои четврти од лево кон десно со КК Партизан -Кочани

По малку е чудно што некој сака да го оспори овој факт. Затоа, неизбежно е да се спомнува како факт на градењето на државноста и глас што допре до светот дека постои држава што се вика Република Македонија. Чудно е кога некој бега од сопствениот момент на гордост и придонес во градењето на држвата. Вакви работи трајно се спомнуваат, а посебно кога ќе слави јубилеј 50 години на каратето во Македонија. Не држат оправдувањата дека тоа е медал во младинска конкуренција, а не во сениорска. Точно е дека секаде се ценат сениорските медали, но точно е дека секој народ си ја цени историјата, а ова беше историја.

Тие почнаа па продолжија Белистојаноски, Чешелковски, Панијан, Аломеровиќ, Васовски, Алексовски, Исени, С. Арсовски, Јакупи, Заборски, Заборска, Радичевска, Костовска, Идризи, Цветковски, Милевски, Стојменов, Пендаровска, Спасеновски, Исмаил, сестрите Димоски со Јованоска, Весели и многу други.

Во 2005 година е освоен првиот медал во сениорска конкуренција на Европското првенство во Тенерифе, Шпанија, од женскиот ката тим во состав Тамара Рибарска, Симона Тасевска и Ивана Димитрова. Потоа следат медалите на Сашко Арсовски, Жарко Арсовски; Наташа Илиевска ја освои првата шампионска титула во сениорска, откако претходно се закити со сребрениот; Емил Павлов стан првиот европски шампион во сениорска конкуренција (мажи) и да додаде и бронза; Берат Јакупи, Мартин Несторовски, Иво Цветковски итн.

Ова останува запишано во историјата и со неа треба сите да се гордееме.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON