21-годишната Дијана Авсарагова е новото засилување на Белатор.
Дијана се натпреварува во петел категорија и има ММА скор 2-0. Дебито во кафезот го направи пред две години победувајќи со завршница. Во мај се врати и победи со одлука на судиите и ја зголеми серијата.
Авсарагова тренира во Борекиот клуб Чеченија Ахмад и на својот профил на социјалните мрежи изјави дека веќе ќе се бори под знамето на Белатор. Нејзиниот прекар е Пантер и ќе се бори во мува категоријата во нејзината нова организација.
Донесувањето на Дијана во редовите на Белатор ја разгоре страста на обожавателите на ММА на социјалните медиуми, а убавата Русинка дефинитивно ќе биде следена во Белатор.