2017 ќе биде последна година во кариерата на Мигуел Кото

%d0%bc%d0%b8%d0%b3%d1%83%d0%b5%d0%bb-%d0%ba%d0%be%d1%82%d0%be

Поранешниот светски шампион Мигуел Кото објави дека 2017 година ќе биде последната за него како активен боксер.

Порториканецот не влегол во рингот од минатиот ноември, кога беше поразен од Сол Алварез – Канело. Тоа е најдолгиот период на неактивност во 15-годишната кариера на Кото.

Говорејќи за медиумите Мигуел Кото посочи дека со радост би прифатил и втор дуел со Канело Алаварез, а двете страни постигнат договор по ова прашање.

„Ако сакаат да се случи овој меч, имаат време до 31 декември 2017 година“, изјави Кото.

„Топката е во полето на Голден бој промоушнс. Единствено треба да се усогласат со крајниот рок. За тежината на средбата, исто така може да се разговара“, додаде тој.

Кото рече дека титулите веќе не го мотивираат, тоа може да го направат само парите.

„Единствено, нешто што има значење во моментов, се парите, а секој меч може да заработи и од името на противникот“, рече тој.

Се очекува Мигуел Кото да разговара за следните планови со своите промотори од Рок нејшн по Божиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON