Армин Идризи (55 кг), Амар Мурад (60 кг), Бујамин Нуиши (76 кг) и Рамадан Мустафовски (-84 кг) од Боречкиот клуб Тефејуз од Скопје ќе настапат на Меѓународниот турнир на Браќата Саитиеви, (најдобрите борачи во светот) во Лиеж, Белгија.
Турнирот е за кадети, јуниори и за борачи до 23 години.
Во екипата се и Нусрет Џафери, како водач на екипата и тренерот Идрис Куртиши.
„Очекуваме успех на овој силен турнир. Воедно ова е проверка на нашите млади борачи за нивните меѓународни настапи што следат“, велат од Тефјуз.
Ipon.mk/В. Д.