Златен медал за Ангела Мојсовска на „Златен појас на Чачак“ (ФОТО)

Angela Mojsovska zlaten pojas cacak 2016

На јубилејниот 45-ти Меѓународен карате турнир,,Златен појас на Чачак“ златен медал освои јуниорската репрезентативка на Македонија, Ангела Мојсовска. 

Angela i Bosoko na Zlaten pojas Cacak 2016

Мојсовска во категоријата јуниорки -59 кг со четири победи успеа да го освои златниот медал. Во првиот меч ја совлада актуелната европска шампионка од Кипар, Србинката Дина Дурвешта, со резултат 1-0, потоа ја порази словенечката репрезентативка 7-1, во трето коло победа со натпреварувачка од Словачка 5-1 и во финалето беше поуспешна од Хрватската репрезентативка Челан, која ја совлада со 2-1.

Deni petar i orjan ZP Cacak 2016

На турнирот учествуваа 15 држави со комплетните свои национални репрезентации. ( Хрватска, Словенија , Германија, Шведска, Црна Гора, Сповачка, Романија, Унгарија,БиХ,Македонија, Бугарија,Египет и др), а КК Макпетрол учествуваше со седум свои спортисти.

Турнирот го отвори претседателот на Светската карате федерација, Антонио Еспиноз, при што го окарактеризира како најстар и со најголема традиција.

Bosko Zaborski sedi na klupa Zalten pojas cacak 2016

„Турнирот во Чачак беше многу силен, за многу репрезентации овој турнир преставуваше и последна контрола, непосредно пред Европското сениорско првенство, кое ќе се одржи во Монпелје, Франција. Учествуваа 15 држави со своите национални состави. Само ние бевме преставници од Македонија како клуб. Најдобар впечаток на овој турнир остави јуниорската репрезентативка на Македонија Ангела Мојсовска од која сум многу задоволен, посебно поради фактот што ја совлада актуелната европска шампионка, Србинката Дина Дурвешта и тоа на свој терен. Добро преставување имаа и јуниорот Петар Заборски, кој имаше одличен настап во сениорслка конкуренција, и беше петто пласиран. Исто така и Дејан Павлов во тешка категорија +84 кг имаше добар настап. Тие двајца се бореа за бронзени медали но за жал не успеаја да ги освојат“, изјави тренерот на Макпетрол, Бошко Заборски.

Без пласман на турнирот останаа: Орхан Билали, Моника Пендаровска, Анамарија Несторовска и Ева Блажевска.

Deni i Petar zagrevanje Zlaten pojas Ccaak

Ќе истакнеме дека Дејан Павлов откако ја одби првата борба се сретна со европскиот првак Слободан Битевиќ (Србија). Борбата беше неизвесна, а Битевиќ извојува минимална победа со 1-0, но како…

„Додека не ми ја повреди раката не ми можеше ништо, дури потоа го освои поенот со кој и ме победи. Таа повреда ме чинеше и во борбата за бронзениот медал. Во третата средба веќе нема кај да бега, победата ќе биде моја, а се надевам на позначен натпревар“,  изјави Дејан Павлов.

Инаку Макпетрол викендов настапуваше на три „фронта“: Златен појас на Чачак, Гази Баба опен и на семинарот на Лука Владеси, на кој беше носителот на сребрениот медал од ЕП во Кипар за кадети, Адурахим Идирзи.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON