И најмалдите каратисти од македонските клубови постигнаа забележителни успеси на Гран при Хрватска во Самобор освојувајќи 17 медали- 4 златни, 5 сребрени и 8 бронзени.
Подоцна нашите претсавници освоија уште два медали Викторија Јовановска и Василија Христиќ, златен и сребрен.
Еве ги освојувачите на медали на годинашниов турнир, кој имаше рекорден број на учесници 1813.
Деца
Кристијан Грозданов (-30 кг) од Фунакоши Гичин (Партизан Кочани) прв, Ѓорги Петров (-42) трет Фунакоши Гичин (Партизан Кочани), Зубејр Бајрами (-46 кг) и Јасин Османи (-46 кг) втор и трет од Форца и Витомир Трајковски (+46 кг) Ботони трет.
Деца жени – Јусра Адеми (-40 кг) Форца прва, Симона Николовска (+44 кг)-Ботони трета.
Помлади кадети-кати – Марко Бунтески –Форца втор, Владнака Аврамова – Урбан Инвест трета.
Деца кати – Сухејб Весели – Форца втор, Давид Спасовски-Фунакоши Гичин трет; Јована Манчевска – Фунакоши Гичин втора.
Млади ученици (деца) кати – Сухејб Весели – Форца трет.
Млади кадети ката тим – Фунакоши Гичин 1 втор,
Млади кадетки ката тим – Урбан инвест прв, Фунакоши Гичин е трет.
Ката тим ученици – Форца прв (Арта Буши, Марија Бунтеска и Јусра Адеми).
Дополнување
Млади кадетки – кумите – Марија Василева (-55 кг) Ботони-прва, Василија Христиќ Фунакоши Гичин/Партизан Кочани.
Ученички кати – Јована Манчевска -Фунакоши Гичин- втора.
Помлади ученички кати Марија Бунтеска- Форца – прва.
Цицибанки кати- Дурата Мемети – Форца – втора.
Ipon.mk/В.Д.