17 каратисти ќе атакуваат на нов успех во Карате 1 Премиер лигата во Ротердам

Од утре 17 македонски каратисти настапуваат на новиот турнир на Карате 1 Премиер лига во Ротердам, Холандија, од 16 до 18 март.

Да посетиме дека во Премиер лигата учествуваат 50-те најдобри каратисти од ранг листата на ВКФ и уште 14 по пласман. Фактички ови турнири на Карате 1 Премиер лигата и на Карате 1 Серија А ќе го одредат списокот на каратисти кои од есенва треба да почнат да собираат бодови за олмписките квалификации за Олимпијдата во Токио 2020 година.

Да посетиме дека по долг пост Емил Павлов освои сребрен медал на Премиер лигата во Дубаи во ОАЕ. Од друга страна, Симона Заборска, Вероника Костовска, Сара Радичевска на турнирот во Салзбург блеснаа и зазедоа седмите места, а Радичевска и Костовска беа близу до борбите за медал. Наовој турнир забележителни настапи имаа и Азиз Исмаил и Петар Заборски.

Во ова коло на Премиер лигата ќе настапат 683 натпреварувачи од 241 клуб, односно 74 земји.

Во Ротердам ќе настапат:

Кати – 61 натпреварувач
Пуликсенија Јованоска (КФМ)

-50 кг – 51
Сара Радичевска (Макпетрол)

-55 кг – 57
Симона Заборска (Макпетрол)
Јована Георгиева (КФМ)

-61 кг – 53
Наташа Стефановска (Макпетрол)
Вероника Костовска (Кеикс)

68 кг – 45
Моника Стефановска (Макпетрол)
Ангела Мојсовска (Макпетрол)

60 кг – 50
Емил Павлов (КФМ)

67 кг – 64
Ненад Келебиќ (КФМ)

-75 кг – 62
Ферат Корбулиќи (Металург)
Енес Смаилагиќ (Цветан Димов)
Петар Заборски (Макпетрол)

-84 кг -62
Берат Јакупи (КФМ)
Виктор Крстевски (Металург)
Петар Спасеновски (Металург)

+84 кг – 53
Жарко Арсовски (КФМ)

Ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON