Пролетер минатата недела на Државното првенство за сениори и сениоркиосвои седум медали, од кои 3 златни 2 сребрени и 2 бронзени.
Најдобри беа: Борче Ангелов -66 кг, Марко Паноски -73 кг и Барбара Башеска -70 кг, додека со сребрени освоија Јасмина Стефаноска +78 кг, Ана Трајческа Ана Марија -57кг и третопалсирани се Оливер Богданоски +100 кг и Александра Макеска -63 кг.
„Овај месец ЏК Пролетер во својата програма има зацртано учество на нашиот натпреварувач Борче Ангелов на Европскиот куп во Загреб за кадети, каде што очекуваме добар пласман и добри бодови“, велат од прилепскиот клуб.
Следната проверка е за пионерите на 20 март во Битола.
Ipon.mk