Сингапурскиот ММА синџир ОНЕ Шампонат привлече трет член на шампионското семејство Ли во своите редови.
По Ангела, која ја освои титулата во категоријата „атом“ и Кристијан, кој е шампион во лесна категорија, организацијата ја привлече нивната 16-годишна сестра Викторија. Тинејџерката исто така ќе се натпреварува во „атом“, признавајќи дека била инспирирана да почне да вежба мешани боречки вештини од нејзиниот брат и сестра.
https://www.instagram.com/p/CFOhFuVlpFX/?utm_source=ig_embed
„Подготвена сум да ја однесам кариерата на ново ниво и да се натпреварувам со најдобрите во боречките вештини ширум светот. Сакам да им се заблагодарам на моите родители што ме водеа и ми дозволија да го следам мојот сон. Им ветувам на навивачите дека ќе продолжам напорно да тренирам и да ги развивам своите вештини и дека ќе бидам подготвена кога ќе ме повикаат на меч“, изјави Викторија Ли.