Јубилејниот 50.Карате куп „Лорд куп“ се одржа во салата Марко Божиновски во населбата Аеродро во Скопје.
Организаторот на овој јубилеј, Карате клубот Аеродром е задоволен од севкупните моменти при организацијата на настанот. Дваесетте клубови кои зедоа учество со своите 180 каратисти задоволни од организацијата, нивниот настап и постигнатите резултати.
Секој учесник доби учесничка диплома, налепници со симболот на натпреварот, книгата: Македоснки карате фотофакти, две тетратки и колачиња.
Покреј карате настанот, беше успешно организирана и донаторска акција за собирање сретства за настраданите во кочанската трагедија.