15.000 луѓе на џеназата на Мухамед Али (ВИДЕО)

alidzenaza_hinaa

15 илјади луѓе му оддадоа почит на Мухамед Али, кој еден од најголемите спортисти на 20 век.

 Илјадници луѓе од различни религии, нации, раси и возрасти се збогуваа од него. Тие пристигаа на џензата откако три часа беа отворени капииите пред традиционалната муслиманска служба. Некои од присутните скандираат, а други го снимаа телото на Али во халата Луисвил.

Имамот Заид Шакир, кој го водеше џеназето, изјави дека во таа служба се добредојдени припадници на сите вери.

„Ве поздравувам сите. Ги поздравувам муслиманите, ги поздравувам православните, ги поздравувам припадниците на сите други вери. Ги поздравувам нашите сестри, нашите стари, нашите млади. Мухамед Али ги сакаше сите”, изјави Шакир пред насобраните во Луисвил.

Џеназето траеше околу еден час, а на настанот одржаа говор неколку лица. Шерман Џексон изјави дека Али бил шампион на народот, голем борец и пример за црниците во Америка.

На настанот присуствуваше и истоименикот на Али од Бангладеш, кај кого што боксерот престојувал во текот на посетата на таа земја во седумдесеттите години. Али почина на 4 јуни во 74-та година од својот живот.

Погребот е утре и се очекува ковчегот да го носат, меѓу другите, и глумецот Вил Смит и боксерот Ленокс Луис, а говор да одржи поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон.

https://youtu.be/asiDJUOUpq4

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON