Денес Комисијата за регистрација и пререгистрација при Федерацијата за борење на РСМ ги потврди трансферите на борачите што ги објавивме завчера.
Комисијата утврди дека целокупната докуменатција е исправна и нема никакви пречки борачите да ја сменат средината.
Ќе потсетиме, преодниот рок заврши на 30 декември 2024 година.
Ова се борачите кои направија трансфер во преодниот рок:
Столе Ефтимов од Балканец во Спартак
Ненад Јанкулов од Балканец во Спартак
Рамадан Мустафовски од Вардар во Чаир
Бехар Мамути од Вардар во Чаир
Љупчо Митев од Вардар во Чаир
Стефа Митев Вардар во Чаир
Ахмад Магомедов од Чаир во Вардар
Кирил Малчев од Олмпија во Вардар
Петар Тодев од Олмпија во Вардар
Дарко Коцев од Олмпија во Вардар
Реџеп Таири од Шкупи во Вардар
Мираџ Мустафа од Тефејуз во Шкупи
Марија Спирковска во Вардар во Лирија 2010