Рико Верховен ја одбрани титулата на Глори во тешка категорија 12-ти пат по ред.
Живата легенда на кикбоксот се соочи со Леви Ригтерс во реванш меч. Двајцата беа предводници на настанот Глори Колишн 7 што се одржа во Арнем, Холандија. Претходно оваа година Рико го победи Леви со TKO и го освои турнирот во тешка категорија. Сега дојде време за реванш кој навивачите со нетрпение го очекуваа.
Леви отиде на средбата мотивиран и сакаше да победи во чест на неговиот татко кој почина пред неколку дена. Ригтерс даде се од себе и успеа да го собори Верховен во 3. рунда, но тоа не беше доволно. Рико успеа да стане, но беше видно потресен. За негова среќа тоа беше на крајот од рундата и гонгот го спаси.
Верховен покажа менталитет на шампион и излезе силен за четвртата рунда. Тој го врати нокдаунот на Ригтерс и го однесе на подот право со главата. Леви стана и ја продолжи борбата, но Рико го водеше мечот. Во 5. рунда Верховен беше поактивен и поагресивен. Покажа поголема желба за победа. Леви не можеше да му отежне во првенствените рунди и така ја загуби борбата.
По завршувањето на 5-те рунди, судиите досудија во корист на Верховен – (47-46 x2, 48-45 x3). Со оваа победа Рико влезе во серија од 21 последователна победа.
https://twitter.com/CSTodayNews/status/1865512420224942512
Strikecount for Rico Verhoeven vs. Levi Rigters #COLLISION7 pic.twitter.com/HnTnWKg0Cf
— Combat Press (@CombatPress) December 7, 2024
.