Џонс му порача на Миочиќ: Стипе подобро да не го кажеше тоа!

Следниот викенд Њујорк ќе биде домаќин на голем боречки спектакл на најголемата светска ММА организација.

Американскиот борец со хрватски корени Стипе Миочиќ ќе се обиде да го победи шампионот Џон Џонс и уште еднаш да го освои појасот во тешка категорија на настанот УФЦ 309 во Медисон сквер гарден.

Борците ги завршија подготовките и сега нетрпеливо ги бројат деновите до настанот, исто како и многу љубители на ММА.

Досега и двајцата покажаа почит еден кон друг. Џонс често го нарекуваше Миочиќ најголемиот тешкаш во историјата на УФЦ, додека Стипе го нарече својот противник еден од најдобрите борци во историјата.

Но, како што се наближува датумот на борбата, тензиите растат, што беше очигледно во текот на викендот откако УФЦ објави видео со одбројување од претстојниот спектакл.

Во еден дел од видеото Стипе вели „Ајде тато“, што на Џон не му се допадна и во гласовна порака на социјалните мрежи му порача:

„Какво непочитување, ме нарече татко. Стипе, не требаше да дојде до тоа, подобро да не го кажеш тоа! Не беше потребно такво непочитување. Ајде да се бориме… Ниту тренингот со црни борци не може да ти помогне“.

Нивниот меч може да биде последен во нивните кариери и за двајцата. Имено, Миочиќ има 41, а Џонс 37. И двајцата во последно време ретко се бореа.

Тоа ќе биде прв меч за Стипе по повеќе од три и пол години пауза.

Последниот меч на Миочиќ беше во март 2021 година кога загуби од Френсис Нгану со нокаут во втората рунда.

А тоа ќе биде прва одбрана на титулата во тешка категорија за Џонс, откако во март минатата година го совлада со завршница за само две минути Сирил Гане.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Full Violence ™ (@fullviolence)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON