Отворено Балканското првенство во борење, Ристовски им посака добредојде на младите спортисти од Балканот

Министерот за спорт Борко Ристовски денес официјално го отвори Балканското првенство во борење за младински категории, посакувајќи им добредојде на младите спортисти од целиот регион.

На овој престижен спортски настан што се одржува во Арената „Борис Трајковски“ во Скопје се собраа најголемите таленти во регионот, во машка и во женска конкуренција.

На свеченото отворање на шампионатот, министерот Ристовски ја истакна важноста од поддршка на младите спортисти и негување на спортскиот дух, тимската работа и дисциплината кај помладите генерации.

„Ова првенство не е само натпревар, туку прослава на вредностите кои борењето ги всадува кај младите – упорност, дисциплина и почит. Горд сум што Македонија е домаќин на еден ваков важен настан, кој ги обединува народите од регионот во духот на спортот“, изјави министерот Ристовски.

Министерот исто така им се заблагодари на организаторите, тренерите и на волонтерите за нивните напори во организирањето на настанот, а на сите учесници им посака успешен настап во борбите за балканските титули.

Министерство за спорт

„Овие натпреварувања не се само за освојување медали туку и за градење пријателства, учење и растење како спортисти. Ги охрабрувам сите млади борачи да го дадат својот максимум и да уживаат во искуството“, истакна министерот Ристовски.

Балканското првенство во младински категории што ќе трае до 6 октомври, вклучува натпревари по категории во три возрасни групи – пионери (У15), кадети (У17) и јуниори (У20), давајќи им шанса на младите борачи да блеснат на меѓународната сцена. На првенството настапуваат 515 борачи од Македонија, Србија, Косово, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Молдавија и Романија.

Првенството има за цел да ја промовира регионалната соработка преку спорт и да ја инспирира следната генерација на шампиони. Овој масовен спортски настан воедно е и платформа за младите спортисти да стекнат вредно меѓународно искуство, зајакнувајќи ги врските помеѓу земјите на Балканот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON