Дрикус ду Плесис: Дали Шон Стрикленд сака повторно да плаче?

Дрикус ду Плесис најверојатно ќе мора да се подготвува за реванш.

Јужноафриканската ѕвезда изминатиов викенд ја одбрани титулата во средна категорија. „Стилкнокс“ успеа да го задуши Израел Адесања на УФЦ 305 во Перт, Австралија. Така за прв пат ја одбрани титулата и остана непоразен во УФЦ. Веднаш по настанот Ду Плесис беше предизвикан на реванш со Американецот Шон Стрикленд.

Токму од Стрикленд Ду Плесис ја освои титулата на почетокот на годината, откако го победи со поделена одлука во Канада. Шон успеа да го победи Пауло Коста и најави дека нема да прифати борба која не е за титулата. Дана Вајт застана зад него и го најави како предизвикувач. Така, Дрикус ќе мора да се бори со Шон, а се чини дека нема проблем со тоа.

„Ако луѓето сакаат да ја видат таа борба, тогаш следен е Шон Стрикленд. Тоа е борбата што луѓето сакаат да ја видат. Тие мислат дека тој е следниот. Јас би се борел со него и знам како да се борам со него. Тој не може да се справи со она што го имам.

Шон не може да се справи со тоа што го нудам. Овој пат можам да го завршам. Да, тој го победи Адесања, но јас го победив и него и можеме да ги споредиме нашите борби. Така завршуваш некого. Дали Стрикленд сака повторно да плаче?“, изјави Ду Плесис за медиумите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО