Шилдс е новaтa светскa шампионка во тешка категорија по нокаутот во 2.рунда над Лопаж-Џоанис

Клариса Шилдс (15-0) продолжува да испишува историја и веќе ја додаде светската титула во тешка категорија во своето портфолио откако синоќа во Детроит ја нокаутира Ванеса Лопаж-Џоанис.

„Т-Рекс“ влезе во мечот многу агресивно и се чинеше дека нејзиниот план функционираше совршено, бидејќи три пати во четири минути ја собори шампионката за да го принуди судијата да мавта со рацете и да го прекине мечот.

Шилдс и официјално сега го држи женскиот појас во тешка категорија на ВБЦ, како и појасот на ВБО во полутешка категорија.

https://twitter.com/PFLMMA/status/1817407917517091269

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON