Таеквондо клубот Бутел го слави 14 роденден. Ова е клуб испишува историја за македонското таеквондо, бидејќи неговите челнови освоија грст медали,нешто што порано беше мисловна именка за нашите натпртеварувачи. Најдобриот македонски таеквондист Дејан Георгиевски е од Бутел, кој може да се пофали со шампионска титула од европските првенства и еден сребрен медал. Тој е сериозен кандидат за олмписка норма за Токио 2021.
ТКД Бутел е формиран на 3 февруари 2007 година, а успесите почнаа пред неколкиу години, кога стаса сегашната генеарција за натпревари.
„Од овој ден до ден-денеска во многу луѓе живее магија која нема начин да се опише. Многу убави, многу мачни и тешки моменти и безброј заеднички спомени од Аргентина, Кореа, Канда, Шпанија, Полска, Австрија, Кипар, Турција, Латвија, Италија, Англија, Русија, Шведска, цел Балкан и други држави во безброј незаборавни патувања со една цел: „За Македонија до карај!“, велат од клубот и додааваат:
„Нашиот клуб Бутел пишува македонска спортска историја, на што сме особено горди. Клубот создаде плејада на врвни спортисти кои достоинствено го претставуваат македонското знаме во олимпискиот спорт таеквондо.
Сакаме да се заблагодариме на сите поддржувачи на оваа успешна приказна. Ветуваме дека, како и до сега, ќе дадеме се од себе да ја радуваме македонската спортска јавност“ !
Од клубот велат дека успесите се делат на две основи:
- Добро воспитани генерации на успешни луѓе
- Врвни спортски резултати кои ги поместуваат границите за можно во нашата Македонија.
Ова се врвните резултати на ТКД БУТЕЛ:
Европски сениорски првенства
Златен медал 2018 година(Бугарија) Дејан Георгиевски
Сребрен медал 2020 година(Босна) Дејан Георгиевски
Европско Првенство У-21 (млади сениори)
Бронзен медал 2017 година(Бугарија) Дејан Георгиевски
Бронзен медал 2018 година(Полска) Дејан Георгиевски
Бронзен медал 2019 година(Шведска)Филип Додевски
Светско Јуниорско Првенство
Бронзен медал 2018 година(Тунис) Анамарија Георгиевска
Медитерански Игри
Сребрен медал 2018 година(Шпанија) Дејан Георгиевски
Европско сениорско клупско првенство
Златен медал 2019 година(Грција, Солун!) Филип Додевски
Сребрен медал 2019 година(Грција, Солун) Дејан Георгиевски
Таеквондо клуб Бутел европско клупско првенство 2019 година во Грција, Солун, беше рангиран на шесто место од 130 клубови учесници на првенството!
Над 60 медали од светски Г1 купови (триесетина златни)
Над 50 медали од балкански првенство (дваесетина златни)
Дејан Георгиевски четири кратен балкански шампион.
Филип Додевски, Марко Стевиќ и Коки Георгиевски балкански сениорски шампиони.
Над 600 медали од меѓународни турнри
Над 50 пехари за најдобар клуб на меѓународни турнири во сите старосни категории
Лични награди:
Дејан Георгиевски „Најдобар спортист на град Скопје“ и специјална награда за врвен спортски резултат
Анамарија Георгиевска најдобра млада
спортистка во Македонија
Филип Додевски најдобар млад спортист во Македонија
Борче Костовски два пати во најтесна конкуренција за најдобар тренер во Македонија.
„За 2020 година имаме поднесено номинации за Најдобар спортист и најдобар тренер во 2020 година, со убедливо највисок постигнат спортски резултат за 2020 година на државно ниво (сребрен медал на Европско сениорско првенство)“, истакнуваат од Бутел и порачуваат: „За Македонија до крај. Слава му на Господ“!
Ipon.mk