На Државните првенства во џудо за пионери и сениори што днеска се одржаа во Прилеп без присуство на публика, согласно сите протоколи за заштита од Ковид-19, Сеишин освои вкупно 16 медали – 4 златни, 4 сребрени и 8 бронзени.
Сеишин настапи со вкупно 23 натпреварувачи во двете возрасни категории (10 сениори и 13 пионери).
На првенствата учествуваа 14 клубови со околу 160 натпреварувачи.
Наредниот викенд продолжуваат државните првенства, исто така во Прилеп во техничка организација на ЏК Сеишин.