Оваа сабота во рингот се враќа непоразениот Филип Хрговиќ. Најдобриот хрватски боксер ќе настапи на голем настан во Саудиска Арабија, а противник му е Австралиецот Марк де Мори.
Настанот започнува во 17 часот по средноевропско време, а борбата на Филип е втора по ред. Ел Анимал би можел да влезе во рингот околу 18 часот. Преносот е на стриминг платформата ДАЗН.
Хрговиќ сака да ја заврши работата во Саудиска Арабија, да го потврди својот квалитет на уште еден голем настан и да ја одбрани својата позиција како прв предизвикувач за титулата шампион на ИБФ.
„Јас сум иднината! Следната година ќе ја освојам светската титула и ќе ја чувам следните пет години. Јас сум идниот крал на тешка категорија“, изјави Филип Хрговиќ во видеото што го сними за Квинсбери боксинг и додаде дека најдобрите борци си заминуваат:
„Ја имате оваа одлична генерација боксери, Вајлдер, Џошуа, Усик и Фјури, но мислам дека сите се блиску до својот крај. Секој од нив има уште неколку натпревари за себе. Мислам дека ќе владеам со категоријата во следните пет години. Тоа е мојата цел и верувам во тоа. Со нетрпение ја очекувам борбата за светската титула и големите борби што доаѓаат“.
Filip Hrgovic believes he will be the king of the heavyweight division 👀👑#DayofReckoning | Saturday | Riyadh, Saudi Arabia | @Turki_alalshikh pic.twitter.com/2C27Xrol3Y
— Queensberry Promotions (@Queensberry) December 18, 2023
Распоред на борби за саботниот боксерски настан во Ријад:
Френк Санчез – Јуниор Фа
Филип Хрговиќ – Марк Де Мори
Џаи Опетаја – Елис Зоро
Арсланбек Махмудов – Агит Кабајел
Дмитри Бивол – Линдон Артур
Даниел Дубоа – Џарел Милер
Дионтеј Вајлдер – Џозеф Паркер
Ентони Џошуа – Ото Валин.