На 15-от традиционален боречки турнир „Трофеј Победник” во Белград, Србија, Вардар со 5 борачи освои 5 медали – 1 златен, 2 сребрени и 2 бронзени во возрасни категории У-15 и У-17.
Со медали се закитија:
У-15
100 кг Кристијан Мирков – 3 место
У-17
55 кг Виктор Аврамовски – 2 место
60 кг Бранислав Поповиќ – 2 место
80 кг Лука Давитковски – 1 место
92 кг Марко Топузовски – 3 место
Тренер: Дејан Тасев
Тим Лидер: Љубиша Пешко
На турнирот учествуваа 150 борачи од Унгарија, Словачка, БиХ, Црна Гора, Грција, Македонија и Србија.