Мароканскиот кикбоксер Бадр Хари требаше да настапи пред еден месец на настан во Париз против Џејмс Мексвини, но мечот беше откажан поради земјотресот во неговата земја.
Хари се врати во рингот на настанот Глори 89 во Бургас, а загуби со прекин на почетокот на втората рунда од Естонецот Уку Јурјендал.
Првата рунда не понуди многу возбудувања се до крајот кога Јурхендал двапати го собори Хари.
Бадр првпат падна по десно кроше од контранапад, а повторно по размена на удари, но ѕвоното го спаси.
Естонскиот борец по десет секунди повторно го собори Хари, кој стана, но набргу потоа повторно се најде на подот и тука беше крајот.
Во втората борба во тешка категорија Леви Ригтерс го победи Јон Табурчеану со нокаут во првата рунда.
Шампионот на Глори во перо категорија, Петпаномрунг Киатму9 го победи Давид Мехија со поделена одлука.
Резултати од настанот Глори 89:
Петпаномрунг Киатму9 – Давид Мехија – поделена одлука
Стојан Копривленски – Сорин Калинјук – едногласна одлука на судиите
Леви Ригтерс – Јон Табурчеану – КО (ниски удари), Р1 (1:55)
Уку Јурјендал – Бадр Хари – ТКО (4 нокдауни), Р2 (0:47)
Богдан Стоица – Луис Таварес – едногласна одлука на судиите
Александар Петров – Карим Мабрук – едногласна одлука на судиите
Мохамед Тушаси – Едуард Алексанјан – ТКО (3 нокдауни), Р2 (2:00)
Теодор Христов – Едуард Гафенку – едногласна одлука на судиите
Драгомир Петров – Крис Вун – поделена одлука.