Карате федерацијата на Македонија, односно селекторите на сениорските селекции ги објавија учесниците за Светското првенство во Будимпешта, Унгарија, од 24 до 29 октомври, како и натпреварите и подготовките.
Боите на Македонија ќе ги бранат:
-50 кг Михаела Мишовска
-55 кг Јована Греоргиева
-61 кг Вероника Костовска
-68 кг Ангела Мојсовска
+68 кг Бојана Манева
Женската кумите екипа ја сочинуваат: Георгиева, Костовска, Мојсовска и Манева.
-60 кг Матеј Белистојаноски
-67 кг Емил Павлов
-75 кг Мурсел Мисини
-84 кг Петар Спасеновски
+84 кг Берат Јакупи
Машкиот кумите тим: Белистојаноски, Павлов, Месини, Витомир Трајковски, Спасеновски, Јакупи и Стефан Стојановиќ.
Кати
Мартина Арсовска
Давид Спасовски
Ката тим жени: Арсовска, Јована Манчевска, Теа Гашева и Андреја Алексовска.
Кати тим мажи: Кристијан Бајовски, Давид Спасовски, Александар Спасовски и Андреј Стојановски.
Така, планирано е самостојно учество на Балканско првенство за сениори во Тирана – Албанија, 22-24 септември, потоа учество на заеднички камп-подготовки со хрватската репрезентација од 5 до 10 октомври во Охрид, како и завршни подготовки од 14 до 20 октомври во хотел Истатов во Дојран.
Нагласено е дека програмата е може да претрпи измени.
Сепак, чуден е односот кон Балканското првенство кое треба да е последен натпреварувачки филтер, односно самостоен настап, исто како за Медитеранското првенство, клубовите сами да го финансираат настапот на репрезентацијата.
Во време на подготвки за СП медалисти како Емил Павлов, Берат Јакупи, Јована Георгиева, Петар Спасеновски и другите да си го плаќаат настапот на Балканското, а се подготвуваат да ги бранат боите на репрезентацијата на Македонија.
Се надеваме дека ова е превид и дека брзо ќе се реши во корист на каратистите и на македонското карате.