Џудо клубот Сеишин денеска на Државното првенство за јуниори и пионери во Битола освои 12 медали – 2 златни, 6 сребрени и 4 бронзени. На првенството настапија околу 170 натпреварувачи од вкупно 15 клубови.
Пионери
- Марко Тодорчески (-38 кг) 3 место
- Кристијан Тошески (-73 кг) 1место
- Орде Трајкоски (-73 кг) 2 место
- Јован Најдоски (+73 кг) 1место
Јуниори
- Мартин Тодорчески (-60 кг) 2 место
- Леонардо Насески (-60 кг) 3 место
- Диме Ивчески (-66 кг) 2 место
- Марио Тошески (-66 кг) 3 место
- Марио Цинцароски (+100 кг) 2 место
Јуниорки
- Михаела Ржаникоска (-48 кг) 2 место
- Михаела Пешталеска (-63 кг) 3 место
- Александра Најдоска (-78 кг) 2 место
Наредната недела ЏК Сеишин – Прилеп е организатор на Државното првенство за деца и кадети. Натпреварите ќе се одржат во спортската сала на СОУ Р.Р. Ричко.