Македонските каратисти во ИЈКА Шотокан системот на натпревари освоија 12 медали со исто толку натпреварувачи на меѓународниот турнир во Софија, во организација на ИЈКА Бугарија, на кој учествуваа 8 држави од Балканот и пошироко.
Македонија ја претставуваа два клуба ЈКА Самурај доџо Скопје и ИЈКА Шидокан доџо од Охрид.
„Посебно сакам да нагласам дека во овој систем постојат само две тежински категории во сите конкуренции“, вели Златко Кескоски.
Медали во борби освоија Заковски Михаил бронзен, Олег Бичковски сребрен, Александар Кесковски бронзен, Јована Стојановска бронзен, Ивана Левеска бронзен.
Во кати: Александар Димовски 1-во место, Александар Димоски 1-место ИЈКА ката, Крсте Ѓорчески 1- место ИЈКА ката, 2-место кумите, 3-место шотокан ката и 1- место ИЈКА ката Јована Стојаноска, 3-место кумите Елена Шенгулоска и 1- место ИЈКА ката, Ивана Левеска 3- место кумите, Стефан Николиќ 2- место ИЈКА ката.,
Каратистите беа под водство на Златко Кесковки за ЈКА Самурај доџо и Глигор Глигоровски за ИЈКА Шидокан доџо Охрид.
ipon.mk/В.Д.